ЕкономијаМакедонија

Спасовски: Не може за 8060 денари минимална плата во 2017 година да биде исто со 14 500 денари сега

До 5-ти, односно до 7-ми јуни - Работник
175views

Одговарајќи на прашања на новинари на „жешкото столче“ на Топ Тема на ТВ Телма во врска со критиките за зголемувањето на минималната плата и наводниот негативен ефект врз економијата и продуктивноста на вработените, премиерот Спасовски посочи дека минималната плата е потреба и дека ја зголемува и мотивацијата и продуктивноста кај работниците.„Во секој извештај постојат позитивни и негативни критики и негативните критики служат за анализа. Јас не се согласувам дека зголемувањето на минималната плата ќе влијае негативно на економијата и тоа не е така, тоа го покажуваат сите показатели. Не може за 8060 денари минимална плата во 2017 година да биде исто со 14500 денари минимална плата сега. Ако отидете да разговарате со вработени во текстилната, кожарска индустрија ќе видите дека навистина тоа е потребно, тоа ја зголемува и мотивацијата и продуктивноста на работниците..“, рече Спасовски вчерва на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма, пренесува Frontline.

Целосниот текст прочитајте го тука