ЕкономијаМакедонија

Спасовски од Куманово: Уште повеќе пари кај граѓаните, домашна платежна картичка од 9.000 денари и за стечајците

165views

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средби со граѓаните од Куманово најави дека дополнително ќе се зголеми опфатот на граѓани кои добиваат домашна платежна картичка.

– Дванаесет илјади стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8.000 денари. Тие ќе добијат и картичка од 9.000 денари како помош во здравствено-економската криза. Ваква картичка ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители и невработените кои не се активни баратели на работа. СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, рече Спасовски.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлече тој, во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници“ и уште еднаш ја потенцираше разликата Спасовски помеѓу Владата на СДСМ која градеше за својот народ и режимот на ДПМНЕ кој крадеше од својот народ.

Тој најави дека и во новиот мандат продолжува насочувањето на парите кон граѓаните.

-Ќе го зголемиме лимитот на поврат на ДДВ од 600 на 800 денари. На секој нововработен млад човек до 29 години во произбодството или земјоделството  државата ќе му го врати персоналниот данок на сметка, со што мотивираме вработувања во реалниот сектор, додаде Спасовски.

Тој направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри на листите.

-Мисајловски и 11-годишната режимска власт, еден денар немаат инвестирано во Куманово. Во маалото каде живее канализација немаше, денес ние му ја градиме. Обновен режим, грабање и крадење никогаш повеќе, порача Спасовски.

Затоа, на 15. јули, истакна, граѓаните ќе гласаат за концептот којшто обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите. Изборите се важни, гласаме за фер  општество кое се грижи за сите, да го заокружиме бројот 3, повика Спасовски, кој додаде дека тоа ќе биде глас за сигурна иднина со развојна економија.