МакедонијаПравдаСиндикат

Спасовски: Ќе го следиме зголемувањето на пензиите согласно измените во законот за ПИОМ

Спасовски: Ќе го следиме зголемувањето на пензиите - Работник
717views

Заложбите, целите и задачите поради кои е формиран Пензионерскиот синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија е подигнувањето и унапредувањето на економско – социјалниот и материјалниот статус на пензионерите, вели Претседателот на Пензионерскиот синдикат, Марјан Спасовски.

Според него нивна цел е да се унапреди стандардот на пензионерите и да се погрижат така и да остане, а не да се случи тој да падне, односно да се намалат пензиите. Други нивни цели се заштита од областа на инвалидско – пензиското осигурување, здравственото осигурување на пензионерите, како и интеграција на пензионерите во општеството, со цел тие да не се сметаат за товар на државата, туку да бидат учесници во одредени случувања во државата и да бидат прашани, а не маргинализирани. Да бидат активни учесници во сите политики кои ги засегаат.

Истакна дека Пензионерскиот синдикат се залага и за унапредување и реформирање на пензискиот систем и се залагаат за кога некој веќе стекнал право на пензија да има право само на подобрување и следење на инфлацијата и порамнувањето на пензиите да биде пореално спрема трошоците за живот. Вели дека Пензионерскиот синдикат се залага и за одржување на одредено стекнато право и тоа право да се остварува.

Наведе дека се залагаат и за тоа да имаа владеење на право, пензионерите да бидат вклучени во сите демократски случувања, еднаков третман пред законот и институциите. Според него синдикатот има планирано поволности и на самите членови, од рекреативен и забавен карактер и соработка со другите синдикати на национално ниво.

Тој потенцираше дека Пензионерскиот синдикат постојано го следи изменетиот член 37 од законот за пензиско и инвалидско осигурување, по кој пензиите ќе се зголемуваат согласно стапката на инфлација и растот на Бруто домашниот производ којшто во првото тромесечје од 2019 година изнесува 4,1 процент.