Списокот на невработени ќе се прочистува – Се подготвува електронски регистар на приматели на социјална помош
- (ИНТЕРВЈУ) Коцевски: Како синдикат изразуваме поддршка за борбата против криминалните појави во МВР - 12/02/2025
- Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба - 12/02/2025
- Колку претставки добил Државниот инспекторат за труд за неисплатен К-15 во 2024 година? (Графикон) - 06/02/2025
Според податоците на Агенцијата за вработување во Македонија има вкупно 141,539 невработени лица. Заклучно со ноември 2024 година, 97,753 се водат како невработени, а 43,786 како други лица кои бараат работа. Од друга страна, работодавачите константно велат дека им фалат 10,000 вработени. Согледувајќи го сето ова, работите изгледаат доста парадоксални.
Со Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров во повеќе наврати имаме разговарано на оваа тема. Тој неколку пати претходно ни кажа дека потребно е да се прочисти списокот на невработени во Агенцијата за вработување со цел да се увиди колкав е реалниот број на оние кои бараат работа.
Земајќи го ова во предвид, го прашавме дали од надлежните имаат побарано да се прочисти списокот, на што тој ни одговори дека тоа го направиле на последната седница на Економско – социјалниот совет. Од Владата им одговориле дека работат на тоа и дека наскоро ќе излезат со електронски регистар на приматели на социјална помош.
„За решавање на овој проблем потребна е заедничка и координирана акција на повеќе институции како што се: центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи и др., кои ќе утврдат дали овие лица се во земјава, дали работат на црно, дали вршат непријавена дејност, зошто не се пријавуваат на огласите за вработување и преквалификација и сл.“, рече Димитров.
Недостигот на работна сила е проблем со кој се соочуваат голем број од државите во Европа и светот, но за разлика од таму, кај нас, како и што потенциравме погоре, тој е парадоксален.