СПМ за одлуката да се снимаат полициските службеници додека обавуваат службени должности
Пред неколку дена е објавена Одлука во билтен бр.12 во која е објавен Заклучок од 4 Апелациони судови со кој се утврдува дека “Снимањето на полициски службеници за време на вршење на службени должности и објавувањето на таквите видео снимки на интернет, не претставува кривично дело.”
Сведоци бевме и на поттикнување на таквиот начин на снимање како граѓанско право и слобода.Таквите објави и дејствија во време на реформи на системот на работа во МВР остро ги осудуваме како поттик на граѓанска непослушност и антагонизам и нарушување на односите на релација полицаец-граѓанин, бидејќи,она што не е напоменато и објаснето со тие дејства е фактот што не секое вршење на службени должности е исто и слободно за снимање.
Имено,граѓаните кои ќе се одлучат на таквото снимање,треба и мора да знаат дека со објавувањето на тие содржини во јавност,може да објават и потенцијални докази за идна кривична постапка,во било која форма. Врз основа на законот за кривична постапка, самата постапка и доказите се заштитени како тајни и нивното неовластено објавување претставува нарушување на тајноста на постапката што претставува кривично дело. Самото снимање и зголемено присуство на граѓани околу полициски службеници дополнително ја усложнува полициската работа и преземањето на службени дејствија од многу аспекти особено од безбедносен.
Сведоштвата покажуваат дека ваквите дејствија ескалираат до таа мера на формирање на маса и спречување на полициските службеници во преземање на законските мерки, а неретко и конфликт помеѓу полицијата и граѓаните.Како Синдикат а и како полициски службеници, знаеме дека граѓанските слободи и уставни права се неприкосновени, но апелираме до граѓаните крајно одговорно да го земат во предвид кажаното, за да не се доведат ни себеси,а ни полициските службеници во незавидна положба пред законот.
Од друга страна, АПЕЛИРАМЕ до членството на СПМ и до сите останати полициски службеници своите задачи и активности да продолжат да ги извршуваат професионално и во согласност со законите и подзаконските акти на МВР и државата за да не се доведат во несакани ситуации.
Само на тој начин можеме да го поддржиме и докажеме основното мото на СПМ “ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО МВР”.
СПМ стои на располагање на секој полициски службеник на кој ќе му бидат прекршени законските права и слободи и ги нуди сите свои капацитети за заштита на тие права. Покрај професијата полицаец,секој од нас е најнапред граѓанин на Македонија и ги ужива сите права како останатите. Нашите должности како полицајци не се против граѓаните туку напротив,во нивна корист и во заштита на граѓаните!!!Во насока на заштита на полицаецот и службените дејствија, како дел од програмата на СПМ, испратени се неколку акти до МВР и владата кои до сега не беа нити разгледани. Остануваме на нашите барања за измени и дополнувања на законските и подзаконските акти во кои бараме зголемено ниво и нови алатки за заштита на полициските службеници, непристрасен и законски пристап кон делата кои произлегуваат од полициското работење, интерен придонес на МВР за либерализација и поттикнување на стратегии за враќање на довербата кај граѓаните.
Да не дозволиме правата и слободите да ги користиме за погрешни цели и на погрешен начин. Да бидеме одговорни полицајци и да бидеме одговорни граѓани.
- ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни - 04/11/2024
- Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот - 04/11/2024
- ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор - 01/11/2024