МакедонијаНовостиСиндикат

СПМ: Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава”

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:

По реакција на наши членови, Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ го дава следното соопштение:

Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава”‼️

Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев,

Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека сеуште го тераш филмот од “задоволната полиција” на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти.

Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем “се гришиш” .

Но вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да “глуми мајка Тереза”.

НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️

Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти.

До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи.

Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️

Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *