ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Според УЈП во април плата не земале 20 977 лица вработени во приватниот сектор

Фирми не ги исплаќале вработените - Работник
340views

Во април во однос на јануари во приватниот сектор плата не земале речиси 21 илјади вработени. Од Управата за јавни приходи добивме податоци дека заклучно со вчерашниот ден биле поднесени 5.392 помалку пресметки за плата од правни лица и самостојни вршители на дејност за месец април во однос на јануари.

Од УЈП напоменуваат дека доколку обработката на податоци за април се врши во понареден период, бројот на поднесени пресметки за плата би се зголемил.

„20 977 лица во април не добиле плата“, рекоа од УЈП.

Информацијата пак која ја објави дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска од ВМРО ДПМНЕ е дека во април плата не добиле 30.456 вработени во реалниот сектор. Кочоска во Економски магазин на Алсат ја праша власта, дали станува збор за вработени кои се избркани или поради друг основ тие лица останале без приходи во април. Од Организацијата на работодавачи за Алсат велат дека се сигурни дека станува збор за компании кои се во „кома“.

Тие фирми немаат никаков приход на нивните сметки, а во моментов извршувањето е стопирано и тука нема што да се стори. Добар дел од овие компании работодавачите сметаат дека ќе паднат во стечај или ќе одат во ликвидација.

Извор: Алсат-М