СветСветот на работникотСиндикат

Спор околу платите: Кабинскиот персонал на една од најголемите германски авиокомапнии се заканува со штрајк

Спор околу платите - Работник
182views

Синдикатот на кабинскиот персонал на германската авиокомпанија Луфтханза УФО, вчера ги повикал своите членови, на 20 октомври да одржат петчасовен штрајк.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, повикот за штрајк настанал поради ескалацијата на спорот околу платите во таа авиокомпанија.

„Го повикуваме целокупниот кабински персонал да не се појави на работа помеѓу шест и единаесет часот наутро во двата најпрометни аеродроми, во Франкфурт и Минхен, изјавил Претседателот на УФО, Даниел Флор во видео порака до вработените.

Раководството на Луфтханза планираниот штрајк го нарекло незаконски и порачало дека ќе обезбеди реализација на комплетниот план на летање.

Најголемата германска авиокомпанија која порано оваа година издала предупредување за својот профит, ги намалува трошоците за да се избори со силната конкуренција и високите цени на горивата во авио – секторот, во кој дошло до пропаѓање на низа помали авиокомпании.