ЕкономијаМакедонија

Спречувањето на сивата економија е заеднички напор

Спречувањето на сивата економија е заеднички напор - Работник
262views

„Механизми за елеминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“ беше темата на форумот на проектот УСАИД Партнерство за подобра бизниз регулатива, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија. На форумот се отвори дискусија на високо ниво, помеѓу владини претставници, домашни и странски експерти, професори и сопственици на компании, за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. Претседателот на Сојуз на стопански комори (ССК),Данела Арсовска во своето обраќање истакна дека сивата економија ја поткопува конкурентноста на компаниите и интегритетот на целиот наш даночен систем.

Министерот задложен за регулатива за подборување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ наведе дека новите истражувања покажуваат дека казнените мерки не се единствена алатка за сведување на минимум на сивата економија.

Директорот на Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива, Љубомир Димовски рече дека негативните имплокации од сивата економија се застапени веќе неколку декади, но со сигурност сите актери во економската политика на државата би се согласиле дека заедно треба да се најде решение со кое неформалната економија ќе се формализира.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Извор: Денар