„Спротивна е на Законот и им препорачува на компаниите незаконски да работат“- Професорот Јовевски за препораката на Владата за работа на претстојните празници
Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски, експерт по трудово право:
ПРЕПОРАКА ЗА НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ КОИ СЛЕДАТ…???
Владата на 214-та седница донела препорака да се работи за време на новогодишните и божиќните праници, односно на 31 декември и 1 јануари, како и 7 и 8 јануари да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало!??
1. Препоракта е спротивна на Законот за работните односи и со тоа се препорачува компаниите незаконски да работат!
2. Препораката не е правен основ за менување на Законот за работните односи или кој било друг закон!
3. Препораката треба да има правна основаност, односно најчесто се носи во случај на виша сила или вонредни околности согласно закон!
4. Компаниите во текот на денешниот ден усно им „наредуваат“ на вработените да работат за празниците што е спротивно на ЗРО.
ЕПИЛОГ: Секоја компанија која ќе ги задолжи вработените да работат на празниците во недела, а не спаѓа во дејноста на исклучоците од став 3 на членот 134 на ЗРО, не пријавила во трудов инспекторат и не добила посебна дозвола за работа во недела директно го прекршува Законот за работните односи и се изложува на ризик од казни и глоби!
проф. д-р Лазар Јовевски