ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Срамно е што Зоран Заев пред секои избори им ветува на стечајците и после ги разочарува

148views

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Зоран Заев

Срамно е што Зоран Заев пред секои избори им ветува на стечајците и после ги разочарува.

Зоран Заев и СДСМ не направија ништо со цел отворање на нови работни места, и зголемување на платите. Три години Македонија стагнира.
Стечајните работници, се стечајци токму заради СДСМ.
Партијата на Заев ги остави стечајците на улица, а фабриките ги затвори и распродаде.
200.000 работници останаа без работа токму заради СДСМ и над 600 фабрики се затворија.
Македонија е опустошена секогаш кога СДСМ доаѓа на власт.
Резултатот од овие три години власт е:
1. Распродадени национални интереси;
2. Рекетирани бизнисмени, со милиони евра, пари кои завршија кај Зоран и Вице Заев;
3. Запалени автомобили на лица, за кои Вице и Рашо дале зелено светло;
4. Тендери за кои картони дели Трајче Заев;
5. Инвестиции кои ги рекетира и брка Ден Дончев;
6. Нефункционално здравство, каде пари се трошат за крвави тендери наместо за подобрување на услугите и покачување на платите на лекарите;
7. Корумпирано обвинителство, кое наместо работи според закон се занимава со криминал;
8. Неспособен градоначалник на град Скопје кој дава над пола милион евра за трева на плоштад;
Македонија само ниже порази со СДСМ.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!