СветСиндикат

Србија: Забраната за вработување во правосудството ја забавува работата

Србија: Забраната за вработување во правосудството ја забавува работата - Работник
217views

Забраната за вработување во јавниот сектор строго се почитува во правосудството и на тој начин го забавува, бидејќи бројот на предмети од година во година растат, е наведено во соопштението на синдикатот на вработените во правосудните органи на Србија кои штрајкуваат со сопирање на работата по еден час.

„Бројот на судии и обвинители би требало да се одредува на основа на бројот на предметите, а бројот на судски и обвинителски работници, наводно ги одредува раководителот на правосудниот орган, но според мерила кои ги пропишува министерот за правда. Значи, очигледно е дека постои прикриено, а директно влијание на работата на судиите и обвинителите кои ги врши министерството за правда со забрана за вработување на потребниот број на додатни работници“, наведува Синдикатот во соопштението.

Додаваат дека според Правилникот за мерилата за одредување на бројот на правосудни работени (кои го одредува министерот за правда), бројот на записничари го одредуваат така што во основаните и вишите обвинителства е одредено на три обвинители да работи еден записничар, додека во судовите би требало да биде еден судија на еден записничар.