СветСветот на работникотСиндикат

Србија: Засега нема откази на работниците поради епидемијата од корона вирусот

Србија: Засега нема откази - Работник
45views

Претседателот на Сојузот на самостојни синдикати на Србија (СССС), Љубисав Орбовиќ денеска изјавил дека досега нема масовно отпуштање на работнците поради епидемијата на корона вирусот. Работодавачите се снаоѓаат и ги праќаат работниците на платено отсуство.

„Отпуштањето на работници засега само се шпекулира, освен поединечните случаи, нема масовни откази, веројатно затоа што сеуште е рано“, рекол Орбовиќ.

Во Сојузот на синдикати досега поради отказ пријавиле само неколку граѓани, но дека не ја доставиле неопходната документација, па сеуште не се знае за што се работи.

Владата му препорача и на приватниот сектор да не дава откази и дека државата тоа ќе го цени, како и во ниеден случај оние коишто ќе дадат откази, да не сметаат на државна помош.

Тој за агенцијата Бета рекол дека досега, најверојатно се отпуштени оние кои работеле „на црно“, дека следни ќе бидат работниците на одредено работно време, а ситуацијата кај вработените на неопределно време ќе се види во април и мај.

Правниот советник на УГЗ „Независност“, Зоран Ристиќ, рекол дека работодавачите во случај на пореметување на пазарот и вонредените околности, како што е сега епидемијата, имаат можност да на работниците според Законот за работни односи ги пратат на платено остсуство со плата од 60 отсто од просечната за претходните 12 месеци, но дека таа не може да биде пониска од минималната плата.