Правда

Србија: Луѓето на „лизинг“, поволно

Србија: Луѓето на „лизинг“, поволно - Работник
202views

До пред десет години идејата една фирма да ги изнајмува работниците на друга фирма, онака како што се изнајмуваат волови, мешалки и сутеренски простор, делувала инстиктивно невозможна.

Како недостојно споредување на човекот со средствата за производство, потполната дехуманизација во која економијата не постои поради луѓето, туку луѓето поради економијата. За среќа, таа идеја делувала и потполно нереално, односно била само една гадна мисла на далечната иднина.

Владата на Србија оваа недела ширум ја отворила вратата на таквата иднина. Предлог законот за „лизинг на работниците“, предвидува фирмите да можат своите работници да ги изнајмуваат од агенции специјализирани за таа работа. Што значи дека од сега фирмите не мора да вработуваат ниеден работник.

Не мора да се отпретуваат со боледувања, одмори, штрајкови, работнички спорови, синдикати. Кога ќе им затребаат работници, ја повикуваат агенцијата да им пратат луѓе. Кога тој човек ќе почне да се буни за лошите работни услови, само ја повикуваат агенцијата да прати некој друг.

Реперкусиите ќе бидат сериозни. Според законот за работни односи, работниците имаат право на синдикално организирање. Работникот не може да добие отказ поради синдикално организирање, а во случај да работодавачот сака да се ослободи од работникот без одговорност, во суштина мора да го прогласи за технолошки вишок и да му исплати отпремнина. После тоа на тоа работно место не смее да вработи други работник се додека не помине периодот предвиден со закон.

Работниците кои агенцијата ќе ги упатува на работа кај друга фирма ќе имаат право по закон на здружување во синдикат во таа фирма, но тоа право во пракса ќе биде без ефект. Бидејќи, штом работникот покаже желба за формирање или здружување во синдикат, фирмата ќе може да го врати назад на агенцијата.

За разлика од своите сопствени работници, фирмата нема да мора да му исплати никаква отпремнина, а на негово место ќе прими некој друг. Бидејќи агенцијата ќе мора да продолжи да му ја исплатува платата и додека не работи никаде, јасно е дека работниците кои ќе се бунат за многу брзо ќе се најдат на патот до бирото за невработени.

Слично е и со боледувањата, одморите…, бидејќи фирмата лесно ќе може да ги враќа работниците на агенцијата кога и да посака и ќе може да побара замена, што ќе ги принуди луѓе кои на овој начин заработуваат за живот, да бидат под притисок и да не отсуствуваат од работните места.

За плата да не се ни збори, бидејќи е јасно дека овие работници поради провизијата која ќе ја зема агенцијата, секогаш ќе имаат помали плати од регуларните работници.