ЕкономијаСвет

Србија месечно ја напуштаат над 4.000 лица

Србија месечно ја напуштаат над 4.000 лица-Работник
38views

Податоците од Европскиот завод за статистика покажуваат дека Србија секој месец ја напуштаат повеќе од 4.000 лица, а 51.000 годишно, главно млади лица.

Според студијата на фондацијата Фридрих Еберт, младите како причина за напуштање на земјата ги наведуваат економските проблеми, а од неодамна и „песимистичкиот поглед на иднината на српското општество“ .

Во Србија, за разлика од останатите држави во регионот, не постојат конкретни превентивни мерки, освен желбата да се формира тим на експерти, кој треба да изготви стратегија и акционен план за спречување на заминувањето на луѓето од земјата, но и за привлекување на оние кои заминале, објави белградска ТВ Н1.

Извор: Независен весник