СветСветот на работникотСиндикат

Србија: Правосудните работници ќе излезат на штрајк во вторник

Србија: Правосудните работници ќе излезат на штрајк во вторник - работник
212views

Синдикатот на правосудството на Србија најави дека белградскиот огранок на тој синдикат, во вторник ќе стапи во едночасовен штрајк, додека еден ден порано ќе биде донесена одлука дали ќе им се придружат и останатите градови.

Како што наведуваат, тој нема да биде пасивен штрајк, бидејќи имаат намера да во текот на тој час да комуницираат со граѓаните и да им поделат флаери со објаснување кој е всушност кривецот за лошата ситуација во правосудството.

Србија добива нова професија – Правосудни добронамерници. Синдикатот на правосудството на Србија најавува дека во вторник белградскиот огранок на тој синдикат ќе стапи во штрајк. Незадоволни од разговорите со Ана Брнабиќ, на кои не е се приближени ставовите на двете страни, одлучиле секој ден да прекинуваат по еден час со работа. Но на невообичаен начин, наведува Н1.

„Граѓаните ќе бидат информирани за тоа зошто правосудството е лошо“, рекла Слаѓанка Милошевиќ од синдикатот на правосудството на Србија.