ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Србија: Работа за повеќе од 10,000 луѓе – се укинува забраната за вработување во јавниот сектор

Србија: Работа за повеќе - Работник
53views

Потполно укинување на Законот за забрана за вработување во јавниот сектор кое според зборвите на Премиерката Ана Брнабиќ, Владата веројатно ќе го предложи на крајот од оваа година, може да донесе постојана работа за повеќе од 10,000 луѓе од техничките струки, неопходни за функционирање на институциите во полн капацитет.

Небојша Пејќиновиќ од синдикатот Независност вели дека во тој синдикат со одобрување ја примиле веста за укинување на забраната за вработување во јавниот сектор. Ефектите од тој закон, донесен во 2014 година, не биле само за рационализација, туку и драстчно го намалиле бројот на вработени. Затоа, вели тој, за неговото укинување се залагале уште од самиот почеток на оваа година, бидејќи економските показатели во државата се движеле кон тоа.

„Анализирајќи ја ситуацијата на ниво на целокупниот јавен сектор, констатирано е дека во одредени дејности, особено во здравството, недостатокот на кадрови, посебно одливот на младата популација е многу загрижувачки. Не е ништо подобра ситуацијата и кога се во прашање државните службеници во одредени државни органи, како што се Даночната управа, Управата за извршување на кривични санкции, во многу судови“, вели Пејчиновиќ.

Тој смета дека одлуката за укинување на забраната за вработување ќе придонесе не само многу јавните служби функционлно да работат, туку тоа ќе влијае и на спречување на миграцијата.