ПравдаСветот на работникот

Србија: Таксистите повторно на протесот – нема да блокираат автопати и мостови засега

Србија: Таксистите повторно на протесот - Работник
142views

Претставникот на таксистите кои протестираат, Бошко Вукојевиќ за Н1 изјавил дека, за разлика од минатата недела, во текот на протестите ќе биде затворен плоштадот Славија, а со возила таксистите ќе се спуштат и на улицата Савска. Предвидено е протестот да трае од 14 до 17 часот.

„Ништо друго не е планирано. Радикализација во смисла на блокирање на автопати и мостови нема да има. Ниту пак ќе ги повикаме колегите од внатрешноста да дојдат во Белград, барем не засега“, рекол Вукојевиќ.

Тој појаснил дека од блокирањето на автопати и мостови се откажале бидејќи сметаат дека со тоа ќе нанесат најмногу штета на самите себе.

„Меѓутоа, доколку никој друг не покаже искрена желба тоа да го реши, некој ќе мора“ истакнал тој.

Според него, таксистите се шокирани од изјавите на Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ и вели дека доколку продолжи тоа да го прави „таксистите нема да се тргнат од улица“.

„Брнабиќ работи во интерес на една интересна група која сака да го преземе такси пазарот“, нагласува Вукојевиќ.

На прашањето дали таксистите ќе одат на разговор со Премиерката ако има упати повик, одговорил: „Ќе размислиме“.

Одговарајќи на прашањето за обвиненијата на граѓаните на колапс во сообраќајот кој настанува поради протестите на таксистите, Вукојевиќ рекол дека и таксистите се граѓани.