- Advertisement -
ЕкономијаСвет

СРБИЈА: Целта e  платата пред крајот на годината да достигне 560-570 евра (ВИДЕО)

СРБИЈА: Целта e платата пред крајот на годината да достигне 560-570 евра (ВИДЕО)
124views

СРБИЈА: Целта e  платата пред крајот на годината да достигне 560-570 евра “ВИДЕО

Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одржа новогодишна прес-конференција во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Приотитетен интерес на Србија во наредната година е да го сочуваме мирот, стабилноста во регионот и во земјата, но и виталните национални интереси, истакна Вучиќ на почетокот на прес-конференцијата. Според него, целта е да се подобри животниот стандард, раст на пензиите и платите, почист воздух, подобри патишта и пруги, енергетска ефикасност. Еден од приоритетите е просечната плата пред крајот на годината да достигне 560 и 570 евра, а во Белград речиси 700 евра. Нашите планови се крајно амбициозни, големи без оглед на сериозноста на политичката и здравствената состојба во која се наоѓаме денес. Очекуваме да имаме дефицит до три проценти. Просечната минимална плата ќе биде 32.126 динари, што е многу важно, вели Вучиќ. Целта е и пензиите да бидат 270 евра пред крајот на 2021 година, потенцираше претседателот на Србија.

Финансиите на Србија ќе бидат стабилни следната година затоа што се очекува раст на БДП од шест проценти и дека учеството на јавниот долг на сите нивоа на влада во БДП нема да надмине 60 проценти.Моето барање е јавниот долг да не надминува 60 проценти од БДП, да не им оставаме долгови и товар на децата, туку домаќински да работиме, но и да одиме силно напред истакна Вучиќ на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека во 2021 година, Србија ќе договори нов аранжман со ММФ, кој ќе помогне во растот на економската активност. Најави зголемување на платите во јавниот и здравствениот сектор. Истакна и дека Министерството за труд, социјала и ветерани ќе мора да работи на развој на претприемачкиот дух. Верувам дека тоа ќе биде од големо значење за понатамошниот развој на приватниот и претприемачкиот сектор. Што се однесува до платите, тие се зголемени на 30 проценти.

Вучиќ потсетува дека платите на здравствените работници ќе бидат зголемени за пет проценти од 1 јануари, за останатите во јавниот сектор за 3,5 проценти и од 1 април за уште 1,5 процент, додека десетарите, наредниците и подофицерите ќе добијат дополнително зголемување од 10 проценти .

Србија е земја со најголема стапка на раст во Европа со минус 0,75 и минус еден процент. Факт е дека Србија е најдобра во Европа според стапката на раст и се надевам дека во следните две години ќе бидеме во првите три земји“, истакна претседателот на Србија.

 

Извор: www.b92.net