ЕкономијаСветСветот на работникот

Србија ќе увезува работници од Индија, Пакистан и Турција?

Србија - Работник
127views

Проблемот со недостаток на работна сила станува фокус во српската јавност, а предвидувањата се дека Србија наскоро ќе мора да увезува работници.

Дубравка Негре, шефица на канцеларијата на Европската инвестициска банка за Западен Балкан вели дека на овој проблем треба да се пристапи двојно“, ренесува „еКапија“.

„Приливот на работна сила е показател дека економијата напредува, но мислам дека државата повеќе би требало биде загрижена од одливот на работната сила“, рекла Негре.

„Имаме два проблеми кога се работи за недостатокот на работната сила. Ни недостасуваат неквалификувани и квалификувани работници. Се плашиме дека во најскоро време ќе увеземе работници од трети земји, како Индија, Пакистан и Турција“, рекол Драган Павелиќ, директор на компанијата Старбаг.

Тој додал дека во нискоградбата на Старбаг сеуште се потпира на локалните капацитети и дека поголемиот проблем е во високоградбата. Павелиќ истакнал дека особено значаен проблем е недостатокот на образовани работници, пред се инженери.

„Висококвалификуваната работна сила заминува на запад и мило ми кога одат да работат во Старбаг во Австрија или во Швајцарија, но од друга страна тоа ја слабее нашата позиција во Србија. Тука не можеме да увезмуваме работна сила од трети земји и тоа е проблем.