- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Средба на Заев со претставници на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“: Поздравена е отвореноста на Владата за разгледување на проблемот и можни решенија

Средба на премиерот Заев - Работник
155views

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.

На состанокот се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.

Advertisement

Премиерот Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација.

На состанокот е поздравена отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија.

Advertisement
Advertisement

Advertisement