МакедонијаСиндикат

Средба на Магнус Берге од Меѓународната Организација на Трудот и раководството на КСС

Средба на Магнус Берге од Меѓународната Организација - Работник
254views

Денес во просториите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Извршниот одбор на КСС одржа средба  со г-динот Магнус Берге, специјалист за активности на работниците во канцеларијата на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, објавија од КСС на нивната веб страна.

На состанокот се дискутирало за проблемите со кои соочува Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во поглед на кршењето на работничките права, оневозможување на правото на слободно здржување, мешање на работодавачите во синдикалното организирање и синдикалното делување, за неможноста за докажување на репрезентативноста и неможноста за собирање на списоците со членовите, се дискутирало и за проблемите со кои се соочуваат гранските синдикати на КСС, за притисоците со кои се соочуваат нивните членови, а посебно синдикалните лидери кои трпат најголем притсок.

„Г-динот Магнус Берге, кој е запознаен со целата ситуација, констатирал дека во Македонија директно се крши Конвенцијта 87, Конвенција за слободата на здружување и заштитата на правата за организирање, за што добивме и конкретни насоки за понатамошно делување со цел репортирање на ваквото прекршување на конвенции ратификувани од страна на Собранието на Македонија. Исто така посочил дека има сериозно вознемирување кое го претрпуваат синдикалните лидери, кои имаат и пишани докази и судски постапки кои се во тек и посочил дека ситуацијата ќе биде пријавена на повисоко ниво во рамките на Меѓународната организација на трудот“, истакнаа од КСС.

Според КСС исто така се отворило прашањето за донесувањето на новиот Закон за работни односи, каде што членовите на Извршниот одбор на КСС истакнаа дека голем дел од забелешките на КСС не се прифатени, а исто така сметаат и дека дел од одредбите се штетни за работниците.

Нагласија дека била споделена и информација околу предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за обраозвание, наука и култура (СОНК), кој се одржа на почетокот на учебната година на 02.09.2019 година.