- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Средба на СОНК и Шахпаска за повеќе отворени прашања за вработените во градинките

377views

Раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура- СОНК денеска оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, објави Јаким Неделков, првиот човек на синдикатот на својот фејсбук профил.

На средбата, се разговарало за одредени отворени прашања кои ги засегаат вработените во градинките, а се однесуваат на работното време,  приправничкиот стаж, прекувремената работа, усогласување на платите со минималната плата, боледување ( изолација) заради Ковид 19 итн.