ЕкономијаСветСветот на работникот

Сред ПАНДЕМИЈА: Амазон ќе вработи 100,000 работници на скратено време

Сред ПАНДЕМИЈА- Работник
145views

Американската компанија Амазон објави дека ангажирала 100.000 привремени лица поради зголемувањето на нарачките преку Интернет пред ноемвриските празници во САД.

Амазон имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот на крајот на јуни 2020 година.

На крајот на јули, компанијата, со седиште во Сиетл, изјави дека веќе отворила повеќе од 175.000 нови работни места од март, од кои 125.000 ќе станат постојани, пренесува Волстрит журнал.

Во средината на септември, додаде уште 100.000 работни места во САД и Канада.

Повеќето од нив се работни места во магацини, во подготвување пакети и испраќање на истите.

Амазон неодамна објави дека бројот на нарачки се зголемува од почетокот на пандемијата.

Сепак, американската телевизија CNBC потсетува дека Амазон вработи 200.000 сезонски работници во исто време пред празниците минатата година.