НовостиСветСветот на работникот

Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените – Добра идеја или промашување?

   Време за читање 1 минута

„Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги задоволиме барањата на вработените“ – вели директорот на српската компанија, која прва во регионот воведе неограничен број слободни денови за вработените.

Колкупати сте помислиле дека би било добро да можете да користите неограничен број слободни денови? Да може да заминете на одмор кога сакате, без да калкулирате? Една српска компанија одлучи вака да ги награди вработените, но сепак им наметна некои ограничувања.

Српската бизнис заедница остана изненадена кога една нивна компанија одлучи да воведе досега нечуено правило и да ги награди своите вработени. Од 2024-та година, секој од вработените може да користи неограничен број слободни денови и не мора да се придржува до законските ограничувања.

Директорот на компанијата GoPro, Петар Миљковиќ даде изјава за српските медиуми и рече дека неговата основна филозофија е дека „задоволните вработени создаваат задоволни клиенти“, па затоа одлучиле да ги наградат луѓето што работат за нив.

Повеќе на Црнобело