ЕкономијаМакедонија

ССКМ ќе ги додели признанијата „Македонски квалитет 2019“

ССКМ ќе ги додели признанијата - Работник
209views

Традиционалната годишна манифестација МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2019 во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија, а под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски и годинава ќе оддаде признание на националните бренд амбасадори кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и интернационално.

На свечената промоција во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институции, соработници, медиуми, признанијата ќе се доделат согласно прецизно воспоставени критериуми по кои верификувани се 10те добитници на признанија за Македонски квалитет, кои годинава постигнаа врвни рeзултати секој во својот домен на делување.

Македонски Квалитет се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси за тековната година. Економијата е најважниот двигател за напредок на македонското општество и секој поединечен успех, значи успех и придонес кон развојот на севкупната национална економија