ССКО со огромна поддршка за претстојниот протест на ССКЦ

Синдикатот на станбено – деловните, комунални, локално – самоуправни, водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузни организации на Р.М. дава целосна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар кој ќе се одржи во среда.

Причината за протестот е тоа што надлежните институции немаат слух за барањето на Синдикатот за линеарно зголемување на платите на здравствените работници за 2,806 денари.

Не треба да кажуваме дека здравствените работници се едни од највиталните работници во една држава. Од нив зависи здравјето на луѓето, а тие прават се што е во нивна моќ за да им овозможат што е можно подобри здравствени услуги.

Нивното барање не е ништо посебно, тоа им следува и тука нема никаква дилема.

Живееме во време кога цените во маркетите се излезени од контрола поради огромна инфлација и енергетската криза. Сето тоа се одразува и врз џебот на здравствените работници, па оттаму сметаме дека заслужуваат да добијат зголемување на платите.

Како синдикат остануваме доследни во борбата за подобри работнички права на сите работници во Македонија, без разлика во кој сектор работат. Нашата заложба е да се почитуваат законите, колективните договори и меѓународните трудови стандарди.

На властите им порачуваме да им излезат во пресрет на здравствените работници и да ги исполнат нивните барања.