- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

ССКЦ до Владата: Зголемете ги платите во здравството како што ветивте и ќе го добиете нашиот глас

ССКЦ до Владата: Зголемете ги платите - Работник
455views

Самостојниот синдикат на клинички центар – ССКЦ ги потсетува Премиерот Заев и Министерот за здравство Филипче за ветувањето за зголемување на платите на докторите специјалисти од терциерното здравство од минимум 100,000 денари и двојно зголемување на основната плата на здраствените работници, пишува во соопштението на ССКЦ

„Согласно важечкиот Колективен договор, сегашната основна нето плата на доктор специјалист во Клинички центар е 44.517,00 денари и е далеку од ветеното во програмата“, истакнаа од ССКЦ.

Advertisement

Од ССКЦ наевдуваат дека во случај да платата на здравствените работници биде покачена согласно програмата со право ќе можат да го побараат и ќе можат да сметаат на гласот на здравствените работници на претстојните парламентарни избори. Синдикатот на Клинички центар јавно ќе побара од своето членство да ја поддржи нивната политичка опција.

„Во спротивно, ќе ја загубите довербата не само кај здравствените работници, туку и кај поголемиот дел од граѓаните, бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано истакнувавте дека здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата“, велат од ССКЦ.

Advertisement
Advertisement

Тие сеуште веруваат во ветеното дека докторите специјалисти во терциерното здравство ќе имаат основна плата од 100,000 денари, а на медицинските сестри и остантиот здравствен персонал двојно ќе им се зголеми платата, што, според нив, е главниот услов да се задржи здравствениот персонал во нашата држава.

Од ССКЦ додадоа дек доколку во најкус временски рок не преземат конктетни активности за реализација на ветеното, синдикатот на почетокот од наредниот месец ќе го консултира своето членство за преземање на радикални чекори за остварување на оваа програмска определба која ССКЦ уште на почетокот во целост ја поддржал.

Advertisement