ССК: Средба на Арсовска и Бектеши за најпогодените сектори во стопанството
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе оствари официјална работна средба со министерот за економија, Крешник Бектеши. На средбата ќе бидат присутни и секторските претседатели на Сојузот се со цел адресирање на потребите на деловната заедница која се бори да ја одржи ликвидноста.
Во фокус ќе бидат економските мерки за еден од најпогодените сектори, туризмот, угостителството и поврзаните дејности, како и потребата од директна финансиска поддршка во моменталните услови на економска криза.
Кризата во континуитет трае повеќе од шест месеци, одредени дејности се уште се затворени со Владина уредба за што е неопходна финансиска поддршка и креирање на прецизни протоколи за работа за здравствена превенција. Сојузот со предлози е вкучен во новиот четврт пакет на антикризни мерки се со цел економските мерки да бидат насочени кон потребите на реалниот сектор.
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025