ЕкономијаМакедонија

ССК: Средба на Арсовска и Заев

44views

Сојузот на стопански комори на Македонија, денес ќе одржи официјална средба со Премиерот и економскиот тим по формирањето на новата Влада.  Во фокус на средбата ќе бидат најважните економски приоритети за потребите на реалното стопанството кои треба итно да се преземат.  

На средбата изјави за медиуми ќе дадат претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска и претседателот на Владата, Зоран Заев.

Присутни ќе бидат и Вицепремиерот за економски прашања, ресорните министри во Владата како и претседателството на Сојузот на стопански комори на Македонија. Економските приоритети на новата Влада треба да бидат во согласност со потребите на претпријатија, кои се борат да ја одржат својата ликвидност.

Од почетокот на кризата Сојузот институционално учествуваше со предлози и препораки за донесување на економски мерки кои реално ќе ги рефлектираат потребите на приватниот сектор. Македонските мали и средни претпријатија кои претставуваат повеќе од 99 отсто од регистрираните активни претпријатија, имаат клучна улога во функционирањето на националната економија. Тие со 65 отсто учество во бруто домашниот производ доминираат пред другите субјекти, обезбедуваат повеќе од 80 отсто од работните места во приватниот сектор и се столбот на македонската економија.

Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата деловна мрежа која застапува преку 35 стопански комори и организации.