- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Се уште се разговара за петтиот сет мерки- Работник
9.99Kviews

Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти поголема дневница од обичен работен ден, ги постесети денеска ССМ газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат, а кој согласно Законот за празниците на РМ денешниот е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и утрешниот ден е неработен за сите граѓани.

-Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор „За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50 проценти, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 проценти за работник кој работи на Државен празник, нагласуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат.