МакедонијаСиндикат

ССМ ја поддржува мерката на Владата за организиран одмор за работници со ниски приходи

ССМ ја поддржува мерката - Работник
299views

Сојузот на синдикатите на Македонија континуирано укажува на ниските примања на работниците во државата, посебно на работниците кои примаат минимална плата, со која не можат да ги задоволат основните потреби за себе и семејството вклучително и заминувањето на годишен одмор, пишуваат од ССМ на нивната веб страна.

Истакнуваат дека во оваа насока ССМ ја поздравуваат мерката на Владата на Република Северна Македонија, за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000,00 денари.

Наведуваат дека ССМ ги повикува и охрабрува работниците да се пријават на јавниот повик да ја искористат оваа мерка .

Истовремено од ССМ апелираат до работодавачите за навремена исплата на регресот за годишен одмор на работниците.

„Потенцираме дека освен зголемување на минималната плата, потребно е итно да се направи скалесто зголемување на платите на сите позиции, за да можат вработените самостојно да ги задоволат своите животни потреби“, истакнуваат од ССМ.