МакедонијаСиндикат

ССМ ќе го одбележи 28 април

ССМ ќе го одбележи 28 април - Работник
236views

Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ како репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата, е активен чинител во креирањето на политиките за економски и општествен развој, чиј дел е областа за Безбедност и Здравје при работа, пишува на веб страната на ССМ.

Тие истакнаа дека одбележувајќи го светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа – 28 април, обезбедувањето на здрави и безбедни услови за работа за работниците се приоритет во ангажманот на ССМ.

Наведоа дека безбедните услови во компаниите се основна претпоставка за непречено обавување на работните задачи на работниците, затоа што тие се гаранција за зачувување на животот и здравјето на работниците, подобрување на работењето и зголемување на продуктивноста на трудот во компаниите.

Според нив, примарна е одговорност на работодавачите за обезбедување на здрави и безбедни услови за работниците во работните средини, но исто толку се одговорни и работниците. Тоа значи дека работодавачите се должни да инвестираат во безбедни технологии, во унапредување на условите на работните  места и во превенцијата на професионалните болести и повреди на работа.

Тие најавуваат дека оваа година се преземаат активности за согледување на состојбата од примената на Законот за БЗР, односно врз основа на предлозите и согледувањата на социјалните партнери ќе се заземе став дали законот треба да се менува или е потребно донесување на нов Закон за БЗР. Во ССМ во тек се активности за согледување на состојбите од примената на Законот за БЗР пред се во компаниите и врз основа на добиените податоци ССМ ќе го даде својот предлог во врска со потребните измени на законската регулатива во оваа област.

Додадоа дека перспективно социјалните партнери и граѓанскиот сектор треба да се ангажираат за зголемување на сопствените капацитети и подигнување на јавната свест за потребата од подобрување и унапредување на безбедноста и здравјето при работа.

Извор: ССМ