МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССНМ ги осудува нападите врз новинарите и медиумските работници

85views

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници уште еднаш изразува конкретна осуда за последните вербaлни напади врз новинарите, фоторепортерите и другите медиумски работници, какви што се случија во последните неколку дена . Особено е недозволено кога некој што е во медиумската индустрија си дозволува вербални и пишани напади на колеги и колешки од други медиуми, каков што беше скорешниот случај со фоторепортерката Арбнора Мемети, како и вербалниот напад и вознемирувањето по телефон од страна на свештено лице со кое се соочил новинарот на Плусинфо, Мартин Богатиноски .

Истовремено, ССНМ сака приципиелно да потенцира дека не мора секој вербален (или физички) напад врз новинари и медиумски работници да биде означен и да се толкува како напад врз слободата на говор и медиумските слободи воопшто .

Такви примери имаше и годинава. Вистина е дека е многу тенка границата да се расчисти кога еден напад може да се толкува како напад врз новинар или друг медиумски работник, но таа постои и основната проценка е дали нападот е поврзан со новинарската работа или станува збор за неповрзан настан кој е од лична природа . Затоа ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници случаите на какви и да се напади врз нив веднаш да ги пријавуваат во канцеларијата на синдикатот, односно на телефонскиот број 070 843 318, по електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или на профилите на ССНМ на социјалните мрежи .

Како и да е, секој напад мора внимателно да се истражи, а институциите задолжени за расветлување и за прекршочна или кривично правна одговорност мора да дејствуваат најажурно, стои во соопштението на ССНМ.