ССНМ и Гласен Текстилец учествуваа на состанокот на мрежата Clean Clothes Campaign

Од 17 до 19 октомври во Белград, Марина Илиевска од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Бисера Кафтанова од Гласен Текстилец, присуствуваа на состанок на мрежата Clean Clothes Campaign, која е фокусирана на производството во Европа, во организација на српскиот Центар за политичка еманципација.
На средбата се дискутираше и се донесоа одлуки за понатамошниот развој на активностите за заштита на правата на работничките и работниците во текстилната индустрија.
Исто така се дебатираше дека синдикатите треба повеќе да соработуваат со невладините организации и другите грански синдикати за унапредувања на работничките права како и заедничката борба за Плата за живот.
Во рамките на состанокот на неколку панелни се истакна важноста на „Плата за живот“, што не е исто со минимална плата. Со овој проблем се соочуваат сите земји од регионот. Гласен Текстилец неодамна ја објави Декларацијата за Плата за живот, која до сега ја поддржаа и потпишаа 13 организации и синдикати, меѓу кои и ССНМ.
Состанокот заврши со тркалезна маса на тема „Плата за живот“, на која учествуваа панелисти од Македонија, БиХ, Албанија, Хрватска, Романија, Бугарија, Србија и претставници од Clean Clothes Campaign.