ССНМ најостро го осудува повикувањето на службен разговор во полиција на колешката Соња Делевска и бара итно расветлување на случајот

Фејсбук статус на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници:

Самостојниот синдикат на новинар ии медиумски работници остро го осудува повикувањето на службен раговор во полициска станица поради објавен текст на новинарката на САКАМДАКАЖАМ, Sonja Delevska.
Полициска интервенција за напишан текст е пракса на други политички системи и општества каде што слободата на медиумите е загрозена, а слободата на изразување казнувана.
Бараме, експресно расветлување на случајот, брзи одговори и јавно извинување бидејќи ваквата полициска постапка длабоко задира и во инаку кревката сигурност на новинарите во земјата, а ги спори и макотрпните заложби на новинарските организации за заштита на новинарската професија, безбедноста на медиумските работници и слободата на говорот како фундамент на нашето демократско општество.
Дополнително, ваквиот чин би можел да создаде пракса на барање на суетни административци на полициски распит да се повикуваат новинари за објавени текстови, што е неприфатливо. Оттаму вознемирувањето на еден новинар го доживуваме како атак врз целата професија.
И нема да (Ви) молчиме.