- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

ССНМ остро ги осудува заканите на Штерјев кон новинарите

ССНМ остро ги осудува заканите на Штерјев кон новинарите - Работник
421views

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува однесувањето на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, истакнуваат од синдикатот.

Според нив, како што пренесува порталот А1он, Штерјев им упатил недолични пораки на новинарите на овој медиум преку нивни колега, нарекувајќи ги „неуки“, „недоквакани“ и ред други навреди.

Advertisement

ССНМ потенцира дека ваквото однесување на избраните функционери е недозволиво и суштински поттикнува непријателско однесување кон медиумските работници, па дури и напади кон новинарите.

„Сакаме да го потсетиме Штерјев дека слободата на медиумите е еден од најважните, ако не и најбитниот столб на едно демократско општество и дека ваквите испади не одат во прилог на никого“, наведоа од ССНМ.

Advertisement

Додаваат дека од соопштението на А1он се разбира дека непријателството на Штерјев потекнува од начинот на известување на овој медиум и сакаме да потенцираме дека доколку некој функционер или било кој граѓанин е незадоволен од начинот на којшто известуваат медиумите постојат многу поцивилизирани начини да се разрешат недоразбирањата.

Од ССНМ порачуваат дека постои институтот демант, а во крајна линија Штерјев и останатите носители на јавни функции можат да се обратат со жалба до Советот за етика во медиумите на Македонија.

Advertisement