МакедонијаСиндикат

СТВ излезе со силна поддршка за најавениот штрајк на СОНК

СТВ излезе со силна поддршка за најавениот штрајк на СОНК-Работник
1.03Kviews

Синдикатот на транспорт и врски при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, излезе со силна поддршка за најавениот штрајк на СОНК, на почетокот на учебната година – 2ри септември.
Од таму нагласија дека се солидаризираат со просветните работници и очекуваат дека надлежните конечно ќе ги исполнат нивните барања.

Штрајкот е уставно загарантирано право кое членовите на синдикатот можат да го искористат како механизам за искажување на незадоволството на работнците, а ние во целост ги поддржуваме во намерата- истакнаа од СТВ.