ЕкономијаМакедонијаПравда

Стекнуваат дипломи и заминуваат, Анѓушев: Работиме на тоа кадрите да останат во државава

Стекнуваат дипломи и заминуваат - Работник
201views

Иселувањето на младите и студентите е проблем со кој се соочува земјава. За 70 години од постоењето на Градежниот факултет, дипломирале седум илјади студенти. Голем дел од нив работат надвор од нашата земја. Овој тренд е поизразен во последните неколку години. Студентите ја земаат дипломата, и веднаш размислуваат како да заминат. Деканот Златко Србиновски вели дека оваа појава не може да се спречи. Но, додава дека нивна задача е што подобро да ги подготват студентите за понатамошниот живот, било да е во нашата земја или во странство.

За зачувување на кадрите зборуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој посочи неколку услови кои треба да ги исполни земјава с цел младите да се чувствуваат побезбедни и посигурно за да останат во земјава, но исто така рече дека приходите во градежниот сектор растат со забрзано темпо, објави ТВ21.

Целосната објава погледнете ја тука