Стечајот на германските компании ќе се одрази и на македонските
Од есен економските експерти предвидуваат дека голем број на компании во Германија да влезат во стечај поради неликвидноста и преголемата задолженост. Тогаш истекува и суспензијата на оваа мерка која Владата на Германија одложи поради пандемијата од коронавирусот.
Оттука, се поставува прашањето како одењето под стечај на германските компании ќе се одрази врз македонската економија, со оглед на фактот дека Германија е наш најголем економски партнер.
Од Стопанската комора на Македонија истакнаа дека македонската економија силно зависи од состојбите во германската економија. Посочија дека Германија е традиционално нашиот најзначаен трговски партнер, каде нашите компании во 2019 година реализираа извоз од 3,5 милијарди американски долари.
„Намалената побарувачка за македонски производи на германскиот пазар има одраз врз работењето на домашните компании, а пример за истото се проблемите со кои се соочија нашите производители од областа на машинската и електро индустријата (автомобилската индустрија) во првото полугодие, како и компаниите од текстилниот сектор“, велат од Стопанската комора.
Наведоа дека за конкретна проценка на ефектите од престанувањето со работа на германските компании, неопходни се подетални информации за нивната структура.
Согласно информациите со кои располага Стопанската комора на Македонија од компаниите членки, проблем може да се јави во текстилниот и кожарскиот сектор, бидејќи веќе се намалени и откажани налози од долгогодишни странски партнери од Германија, а дополнително се очекува намалување на големините на нарачките, нарачки на помали серии, т.е помалку работа.
Имено, 550,000 компании во Германија ќе имаат финансиски проблеми, пренесе Дојче Веле.
Бобан Илијевски
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025