Наука

Стигнале нови информации за новооткриената меѓуѕвездена комета

Стигнале нови информации - Работник
74views

Астрономите ги собираат резултатите од анализата и мерењето на кометата за која се претпоставува дека доаѓа од вон нашиот Сончев систем, а кои даваат вистински траги за нејзиниот хемиски состав, пренесува Би – Би – Си.

Објектот C/2019 Q4 (Борисов) е вториот меѓуѕвезден објект кој е до сега воочен после „ Oumuamuaa“, воочен во 2017 години и го следат телескопи ширум светот.

Првите резултати сугерираат дека неговиот состав може не е многу поинаков од кометите во нашето вселенско соседство.

Еден експерт за Би – Би – Си рекол дека тој објект можел да стане еден од најславните комети во историјата.

Органски молекули

Научниот тим со помош на инструментот Осрис на десетметарскиот телескоп во Ла Палма во Шпанија ја мерел Сончевата светлост во видливиот спектар кој го рефлектира Борисов.

Со проучување на тој спектар научниците можат да извлечат заклучоци за неговиот хемиски состав, вклучувајќи го и тоа како се разликува од кометите кои се „родени“ во близина на Сонцето.

Иако досегашните податоци сугерираат дека Борисов наликува на објектите кои се блиску до Земјата научниците би можеле да откријат интересни откритија кога ќе ги анализираат новите податоци.

Некои научници веруваат дека кометите можат да ја „засјајат“ Земјата, во нејзините почетоци, со органските молекули што значи дека можеби играле улога во создавање на животот.

Ако тие молекули бидат откриени на кометата која припаѓа во системот на други ѕвезди, тоа би имало големи импликации за потенцијалниот живот на егзопланететите.

Тоа би значело дека е можно животот како што го познававме да има шанси да се појави во другите делови на планетата.

Светови на мраз и прашина

Кометите се состојат од мраз и прашина и се создаваат во најдалечните делови на протопланетарниот диск – од купот на плинови и прашина кои кружат околу младите ѕвезди.

Таму водата е замрзната бидејќи е многу далеку од средишните ѕвезди.

C/2019 Q4 бил откриен на 30 август од страна на аматерскиот астроном Генадиј Борисов кој ја набљудувал вселената од кримската опсерваторија.