ЕкономијаМакедонија

Стопанската комора бара нова стратегија за поттикнување на извозот

Стопанската комора - Работник
132views

Поттикнување на извозот во прехранбената и конзервната индустрија бара Здружението на прехранбен сектор и земјоделство при Стопанската комора. Мерките треба да бидат директно насочени кон водечките компании кои го прошируваат производството. Сметаат дека покрај финансиската поддршка, ресурсите и суровините не се доволно искористени.

Се извезува овошје и зеленчук, но нема стратегија за производство со додадена вредност. Здружението на прехранбен сектор и земјоделство бара подршка во прехранбената и конзервната индустрија. Посочуваат дека се потребни ефективни земјишни политики и преструктуирање на земјоделското производство. Според анализата направена од научен тим, бебешката и детска храна, органското производство и здрава храна се потенцијалите за македонскиот аграр и индустрија.

“Во земјодлеството немаме приоритети. Сѐ или ништо не ни е приоритет. И ако изградиме неколку приоритети ние не се фокусираме на нив, туку се расплинуваме потоа и повторно ништо не е доволно поддржано и ништо нема доволен развој“, вели претседателот на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука