ЕкономијаМакедонија

Стопанска комора: Со поголема транспарентност до поточни заклучоци за економските мерки за надминување на кризата

Компаниите во април - Работник
118views

Во јавноста е присутна континуирана расправа за тоа дали и колку досега донесените економски мерки на Владата им помагаат на компаниите. За полесно да се донесе релевантна оценка за ова прашање Стопанската комора на Македонија предлага информациите поврзани со економските мерки да се систематизираат на истиот начин на кој се систематизирани информациите за здравствената состојба на граѓаните погодени од корона вирусот. Всушност, примената на исто ниво на транспарентност би се покажала многу корисна во даденава ситуација.

Ова значи, на истиот начин, како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирусот, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат. Би се известувало за бројот на поднесени и одобрени барања за користење на секоја поединечна економска мерка и збирниот ефект од нивното користење. Накусо кажано, ваквата транспарентност ќе овозможи увид во тоа која мерка како се реализира.
Со ваква добра аналитичка основа за степенот на искористеност на расположливите економски мерки, комбинирана со прецизен мониторинг на дневна основа, ќе биде многу полесно да се носат навремени и релевантни заклучоци за самите мерки и за евентуалната потреба од нивно дополнување, менување и слично.

Извор: Стопански комори на Македонија