МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Стопроцентен штрајк на училиштата во Кисела Вода (Видео)

После викендов, МОН и Комисијата - Работник
412views

Порталот Работник заедно со Претседателот на Регионалниот Одбор – Кисела Вода на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Трајче Петковски беше во посета на неколку училишта во Општината Кисела Вода, меѓу кои, ОУ „Кузман Шапкарев“ – Драчево, ОУ„ Наим Фрашари“ – Студеничани и СУГС „Браќа Миладиновци“ – Драчево.

Претседателите на синдикалните организации на СОНК во овие училишта рекоа дека сите просветни работници штрајкувале, па дури и оние кои не се членови на СОНК се придужиле кон штрајкот. Тие велат и дека очекуваат од Министерството за образование да ги исполни нивните барања за да не дојде до генерален штрајк.

Според Петковски, во општина Кисела Вода сите училишта штрајкувале, а го израдувало и фактот што и оние кои не се членови на СОНК, што се придужиле во штрајкот.

Изјавите на Претседателите на синдикалните организации на горе наведените училишта можете да ги погледнете тука:

 

 

Бобан Илијевски