ПравдаСветСиндикат

Стотици илијади луѓе започнале со протести во Барселона

Стотици илијади луѓе започнале со протести во Барселона - Работник
38views

Повеќе од стотици илјади поддржувачи на независноста од разни делови на Каталонија денеска, како што се очекува ќе се соберат во Барселона откако синдикатите повикале на генерален штрајк, на петтиот ден на протестите кои се одржуваат поради пресудите на лидерите на каталонските сепаратисти.

Движејќи се кон Барселона, многу луѓе мавтале со знамиња на Каталонија, пренесува Ројтерс повикувајќи се на очевидци. Главните патишта ширум Каталонија биле блокирани, а неколку главни улици во Барселона биле затворени за сообраќај, додека регионалните возови и градското метро се сообраќаат по скратен возен ред.

Според наводите на шпанското Министерство за јавни работи, аеродромот во Барселона, ЕЛ Прат кој откажал околу 150 летови оваа недела откако илјадници учесници на протестите поставиле барикади во главно нормално функционирал. Меѓутоа, шпанската нискобуџетна авиокомпанија „Вуелинг Ерлајнс“ која е во сопствеништво на Меѓународната авио група, на Твитер навела дека откажала 36 летови.

Напнатоста помеѓу Мадрид и Барселона е во пораст откако шпанскиот Врховен суд осудил девет политичари и активисти на 13 години затвор поради нивните улоги во неуспешниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година, што ги покрена протестите ширум регионот, во текот на кој се забележани пресметки на демонстрантите со полицијата.