Стотици недокументирани работници излегле на штрајк во Франција за да ги побараат своите права

Стотици недокументирани работници во регионот на Париз од денеска се во штрајк, барајќи да им се легализира нивниот работен статус. Вработени во кетеринг, достава и собирање на отпадоци, тие беа на првата линија во ек на пандемијата. 

Овие недокументирани работници работат во трговија, кетеринг, достава, хигиена или во привремени работи. Нивните работни места со во Париз, но истот така и во Есон и Сеин – Синт Денис. 

Генералната Конфедерација на Трудот, синдикатот кој го координира штрајкот, одржал состанок помеѓу менаџемнтот на кафетеријата „Марли“ во Париз и недокументираните перачи на садови коишто се „екстра“ вработени секој четврток. 

Во Таргет, агенција за привремени вработувања во Латинскиот кварт во централен Париз, проблемите се решени преку постигнување на договор. „Компанијата ќе им ги овозможи потребните документи со кои ќе се побара нивен работен престој“, рекла Марлин Полаин од синдикатот ЦТГ, за француската новинска агенција АФП. 

Сепак, има уште компании коишто треба да им помогнат на вработените да го легализираат својот работен статус. Многумина од недокументираните комунални работници, продолжил е да работат и за време на карантините во државата. 

Есенцијални работници

За други, пандемијата била синоним за зголемена несигурност поради фактот што тие немале официјални договори, а со тоа не им следувале бенефиции. Ова е случајот на 33 годишниот Макан кој работел како „екстра“ во кафетеријата Марли од кога пристигнал во Франција во 2018 година. Од очите му течеле солзи, рекол за АФП, зборувајќи за седумте месеци карантин, од октовмри 2020 до минатиот мај. Со тоа што рестораните биле затворени, тој немал работа, а немал ни пари. 

„Во мојот живот, никогаш не сум се мачел како сега, дури и кога бев студент во Мали“, додал човекот кој рекол дека бил помогнат од страна на своите браќа за да може да купи храна. Сега тој бара постојан договор за да може да има документи и за да неговите работодавачи „не можат да ја искористат ситуацијата повеќе. Сакаме да работиме регуларно и да ги плаќаме своите трошоци навремено, како сите други вработени“, додал тој. 

Ковид – 19 пандемијата и карантините ја отвориле дебата за местото на фронталните работници во Француското општество, каде на многу есенцијални работни места работат недокументирани работници. 

„Штрајкот ни овозможува да ги посочиме сите сектори каде има мигрантски работници, со или без дозвола за престој“, рекла Поулаин. „Ова се есенцијални работни места, но работните услови се тешки и опасни. Целта е работодавачите да се соочат со своите обврски и да ги подобрат работнтите услови за сите работници“. 

Четири години, недокументираните работнци во Фрнација бараат нивниот статус да се регулира. Во 2019 година, на неколку месеци пред пандемијата со Ковид-  19, стотици од нив се мобилизирале во парискиот регион. Во јануари 2020, после 9 месеци борба, кончено успеале да добијат документи. 

Извор: infomigrants.net