ЕкономијаМакедонија

Сточарите се жалат: Владините мерки не се доволни да преживеeме

95views

Ова е Абедин Адили, сточар од Тетово, кој шталата ја наполни со околу 200 овци. Од нив 100 се јагниња кои се уште не ги продал. Абедин вели дека цената на јагнињата сега паднала на 120 денари по килограм, со која не можат да ги покријат трошоците.

Според него, Владата треба да преземе мерки бидејќи, како што вели, трговците го користат овој временски период кога се слаби со храна за стоката и им нудат ниски цени, пренесува ТВ 21.

Цената е под 3 евра, не треба да го добие јагнето, 3 евра е нормална цена, во Швајцарија е 15 евра но да ја оставиме Швајцарија, тие го чекаат овој период кога сточарот има мака и му е ослабена работата со житарки и трева, јас потрошив 2500 бали сено, и тие тоа го чекаат и велат дека ќе одиме тогаш да ги земеме јагнињата и ни нудат 200 денари, вели Абедин Адили.

Според Абедин субвенциите од Владата не ги покриваат трошоците ниту за еден месец. Бидејќи сточарството бара работа преку цела година, а не само еден месец.

Ни велат дека даваат субвенции, тие не ги покриваат ниту нашите трошоци, бидејќи еден работник е 500 евра, тие ми даваат мене 500 евра, а работата бара многу време, ги замолувам уште еднаш да преземат посилни мерки за сточарството и земјоделието, додава Адили.

Од друга страна, во регионалната единица при Министерството за земјоделство, велат дека со затворањето на границите поради пандемијата, владата ги субвенционирала земјоделците, бидејќи главните дестинации на јагнињата биле Италија, Грција и други земји од ЕУ.

Со новата одлука, одлуката на Владата, лицата кои ќе ги чуваат женските јагниња во своите стада цената е поголема, од 700 денари порасна на 1500, основата е 100 денари плус 1500 денари по женско јагне, тоа му доаѓа на еден сточар да земе по 2500 денари по глава од женско јагне, истакна Африм Серјани.

Сточарите очекуваат владата да преземе и други мерки, бидејќи велат дека добиваат малку поддршка. Според нив новите генерации не се интересираат за сточарството и се принудени нивните стада да ги намалуваат секоја година. Цената на јагнешкото месо во месарница е околу 350 денари, а едно јагне жива мерка 180 денари или повеќе.

Извор: Лидер