ЕкономијаНовостиСвет

СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СОЗДАВААТ 22,5 ОТСТО ОД ДОДАДЕНАТА ВРЕДНОСТ ВО ЕУ

   Време за читање 2 минути

Иако само 1,1 отсто од компаниите во ЕУ биле под контрола или во сопственост на странци, тие придонеле за создавање на 22,5 проценти од додадената вредност на пазарот на Унијата, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.

Според Евростат, како што јави дописникот на МИА од Брисел, во 2021 година од вкупниот број претпријатија под странска контрола во ЕУ, 59,4 отсто биле во сопственост на фирми од друга држава членка во Унијата, а 40,6 проценти на компании со седишта во земји надвор од блокот.

Најголем процент на странски претпријатија има во Луксембург или 29,2 отсто, по што следуваат  Естонија со 10,3 проценти учеството на претпријатијата под странска контрола и Полска со 6,8 отсто.

Во Европа постепено почнува производството на автомобили, по повеќенеделниот прекин на производството поради епидемијата на новиот коронавирус

Од друга страна, најмало учество на странски компании има во Белгија и тоа од само 0,1 отсто, пред Италија со 0,3 и Франција со 0,4 проценти.

Странските фирми имале најголемо учество во создавањето на домашната додаден вредност во Ирска и тоа од дури 71,9 отсто, пред Луксембург со 55,5 и Словачка со 49,4 проценти.

Најнизок удел на компании во странска сопственост во креирањето на додадената вредност од 14,7 отсто има во Франција, пред Кипар со 15,6 и Германија со 16,7 проценти.

Тоа може да значи дека заработката на германските извозници би се намалила за 70 милијарди евра.  – Извозот веќе почна да се намалува, изјави првиот човек на комората, Фолкер Трејер.

Во однос на бројот на вработени, компаниите контролирани од странство креираат 15 отсто од вкупните работни места.

Најголемо учество од 43,8 отсто во вкупниот број вработени имаат странските фирми во Луксембург, по што следува Полска со 32,1 и Ирска со 28,2 проценти удел.

Најмал процент од вкупниот број вработени лица во странски компании има во Грција и тоа од 7,5 отсто, пред Кипар со 7,8 и Италија со 9,5 проценти.