НовостиСветот на работникот

Стратегии за тоа како да ја ПРОМЕНИТЕ вашата кариера

   Време за читање 6 минути

Сите сме биле учени да одиме во училиште, да добиеме диплома и во согласност со тоа да избереме работа. Но што ако таа кариера не се покаже онака како што сме мислеле? Дали остануваме заглавени на тоа работно место?

Како кариерен тренер на илјадници клиенти ширум светот, Шо Деван открил дека најбрзиот пат до неисполнета кариера е да не се работи ништо. Без оглед на тоа што некој ви го вели, секогаш можете да ја промените кариерата, за да го работите она што навистина го сакате. Потешкиот дел е да имате храброст да се обидете. 

„Што се однесува до мене, четири пати менував кариера. Откако дипломирав бизнис, започнав да се бавам со менаџмент консалтинг. После се преселив на нов контитент, за да се пробам во регрутирање на агенции. На крајот го најдов патот до човечките ресурси, особено во учењето и развојот. Сите три ги споив за да го правам она што сега го работам во Workhap, а тоа е да им помогнам на другите луѓе да се вработат и да ја започнат кариерата која ја сакаат“, објаснил тој. 

Еве три докажани стратегии кои функционирале за него и неговите клиенти во правењето успешна промена на кариерата.

Одлучите што сакате да работите

Најверојатно знаете што не сакате да работите, но потешкиот дел е понекогаш да го најдете она што сакате да го работите. Значи, пред да започнете да се пријавувате за било што, прво добро проценете како изгледа вашата идеална кариера. Направете листа на она што ви се допаѓа, а што не е дел од вашата моментална работна позиција.

Ова исто така е добар момент да размислите за своите искуства пред вашето последно работно место. Кои вештини ве прават најсамоуверени? За што сте вистински страсни? Кои аспекти од вашата моментална позиција ги сакате? Оваа саморефлексија ќе ви помогне да го идентификувате видот на работата која е подобро усогласена со вашите интересирања и вредности.

Оттаму направете листа на потенцијални позиции за кои сметате дека се повеќе усогласени со вашите цели. Но немојте да застанете тука, направите длабоко истражување на новите индустрии и тимови, за да знаете што да очекувате. Можеби дури ќе научите дека ќе треба да ги намалувате очекувањата за износот на платата, за да навлезете во посакуваната област. Иако може да ви се чини дека правите чекор наназад, запаметете дека својата кариера најдобро е да ја градите имајќи предвид друга насока.

„Открив дека привременото намалување на платата вреди доколку ви овозможува да ја работите работата која ви има смисла“, рекол тој.

Наведете ги вештините кои ги имате, а ќе ви служат

Сосема е нормално да се двоумите околу промената на кариерата, особено ако сакате да преминете во област која ви е непозната во смисла на вештини и обуки. Толку луѓе мислат дека морате да се вратите на факултет или да почнете да учите од нула за да воопшто бидете земени предвид за нова позиција, но тоа не е нужно точно, пишува Forbes.

Секако, некои работни позиции ќе изискуваат нови сертификати и обука, особено ако се бавите со сложени или високо регулирани области како што се технологија, финансии или инженериг. Но во голем дел од случаите, веројатно веќе сте означиле многу полиња кои регрутерите ги имаат за таа позиција која ја посакувате, и само треба да им помогнете да го видат тоа во вашата биографија.

„Мојот совет е следниот: пребарајте ги преносливите вештини кои веќе ги имате и кои би можеле добро да ве вклопат на новата позиција и истакнете го тоа во вашата биографија. Вештините како што адаптибилност, начин на размислување за растот и одлични комуникациски вештини се високо на листата на кој било регрутер, бидејќи тоа ви овозможува да напредувате во кое било опкружување“, објаснил Шо.

Задолжително поминете низ своето CV и нагласете како вашите моментални вештини и искуства можат да се применат на новата работа со која сакате да се бавите.

Поврзете се со некој кој го направил истото

Често најдобриот начин да научите е да слушнете туѓо искуство. Ако познавате некој кој претходно работел нешто слично, поврзете се со нив и распрашајте се за нивното патување. Слушањето за нивните искуства, предизвици со кои се соочиле и лекциите кои ги научиле, можат да ви помогнат да започнете со вашата транзиција и да го олесните процесот.

Исто така, добра идеја е да се поврзете со луѓе во новата индустрија во која се обидувате да влезете. Потрудете се да научите се‘ што можете од нивното искуство и побарајте совети.

Ако не можете да дојдете до некого лично, можете да се поврзете со овие луѓе и преку LinkedIn. Искористете ја предноста на пораките за поврзување за да се претставите. Еве прашања кои можете да ги користите за своите барања за поврзување:

„Здраво Џорџ! Секогаш е одлично да се прават конекции со луѓе кои се од оваа област. Моја голема цел е да преминам на Дата, така што ги сакам примерите како Вас! Знам дека сигурно сте многу зафатени, но се прашував дали сте отворени за брз телефонски разговор да го споделите своето искуство. Ви благодарам!“

Менувањето на кариерата изгледа ризично, но често е клуч за нова кариера за која знаете дека подобро би ви одговарала.

Прво одлучете како изгледа таа идеална кариера, а потоа вложете се во пронаоѓањето на вистинските можности кои ќе ве прибилижуваат до таа цел.

Извор: BIZLife

Фото: Pexels