Светот на работникот

Стручњак: Четиридневна работна недела не е за Русите, уште в четврток можеме да почнеме да се опиваме

59views

науки, поранешен главен санитарен лекар на Русија и прв заменик на претседателот на комитетот на Државната Дума за образование и наука Генадиј Онишченко изјави во интервјуто за магазинот „Комсомолскаја правда” дека воведувањето четирдневна работна недела ќе влијае на порастот на алкохолизмот во земјата.

„Од една страна, тоа е лошо, затоа што нагло ќе почнеме да користиме алкохолни пијалаци. Уште во четврток ќе можеме да почнеме да се опиваме, во петок да долеваме, а в сабота и недела полека да се трезниме. Нема сомнеж дека тоа ќе се зголеми“, истакна Онишченко.

Тој исто така додаде дека во Русија не се доволно развиени условите за семеен одмор за викенд.

Иницијативата за скратување на работната недела на четири дена ја изнесе тогашниот премиер на РФ Дмитриј Медведев во јуни 2019 година на Меѓународната конференција на трудот одржана во Женева. Притоа тој истакна дека во тој случај платите би останале исти, но продуктивноста на трудот би се зголемила. Се претпоставува дека претпријатијата вклучени во спроведувањето на националниот проект „Продуктивност на трудот и поддршка на вработеноста“ во блиска иднина експериментално ќе помине на четиридневна работна недела. Поранешниот премиер подоцна изјави дека е неопходно да се формира компетентно работно законодавство во таа област. Според него, идејата за четиридневна работна недела е блиска на идејата за работа од дома.

Извор: Руска реч